Естетска (ре)конструкција на една траума

Човекот е во постојана врска со реалноста околу себе и врз основа на постапките, мислењата и одлуките тој го создава сопственото јас, кое неминовно е условено од релацијата меѓу себството и Другиот. Идентификацијата станува цел за да се премине непремостливот јаз, оној кој секогаш создава поделби во...

Full description

Bibliographic Details
Main Author: Дамјана Ивановска
Format: Article
Language:English
Published: Ss. Cyril and Methodius University in Skopje, Blaže Koneski Faculty of Philology 2018-06-01
Series:Journal of Contemporary Philology
Subjects:
Online Access:https://journals.ukim.mk/index.php/jcp/article/view/19/18
Description
Summary:Човекот е во постојана врска со реалноста околу себе и врз основа на постапките, мислењата и одлуките тој го создава сопственото јас, кое неминовно е условено од релацијата меѓу себството и Другиот. Идентификацијата станува цел за да се премине непремостливот јаз, оној кој секогаш создава поделби во себството и го поттикнува затворањето во себеси. Како примери кои во својата приказна ја инкорпорираат релацијата персона – реалност – идентитет, но кои, исто така, ги актуализираат и проблемите на градење на идентитетот, траумата која длабоко се вовлекува во составот на таквите напори, односот кон Другиот и, најпосле, постапката на кршење (разградување) на проектираната стварност и подривање на основата врз која е изградена – се филмовите: Персона на Ингмар Бергман (Ingmar Bergman 1966), Очи широко затворени на Стенли Кјубрик (Stanley Kubrick 1999), Булевар на ѕвездите на Дејвид Линч (David Lynch 2001) и Неповратно на Гаспар Ноа (Gaspard Noé 2002). Траумата која се случува во секој од овие филмски наративи е почетен импулс на т.н. метаморфозирање (дублирање), кое го пресвртува светот кој е поставен пред гледачите.
ISSN:2545-4765
2545-4773