Дигитализацијата како инструмент за развој на музејските колекции

Тргнувајќи од размислувањата за лоцирањето и контекстуализацијата на различните постапки обединети под терминот „дигитализација“ во музејското опкружување, како и од теориските поставки според кои големата фаза на акумулација на физички предмети на традиционален начин за музеите е минато и она што м...

Full description

Bibliographic Details
Main Author: Анита Илиева Николовска
Format: Article
Language:English
Published: MI-AN Publishing 2014-11-01
Series:Kultura (Skopje)
Subjects:
Online Access:http://journals.cultcenter.net/index.php/culture/article/view/56
Description
Summary:Тргнувајќи од размислувањата за лоцирањето и контекстуализацијата на различните постапки обединети под терминот „дигитализација“ во музејското опкружување, како и од теориските поставки според кои големата фаза на акумулација на физички предмети на традиционален начин за музеите е минато и она што мора да биде нивен приоритет е обезбедувањето на пристап до колекциите и општествената корист од нив, во овој труд направен e обид дигитализацијата да се постави како основа за една изменета практика на музеите, каде што таа ќе претставува инструмент за развој на музејските колекции во квалитативна смисла, односно основа за нивно разгледување како средство или ресурс, а не крајна цел на музејските институции. Релативизирајќи го физичкиот простор и постоење, дигитализацијата отвора нови и неограничени можности на идејниот, концептуален простор и постоење на музејските предмети и континуирано компаративно преобмислување на поширокото културолошко значење на колекцијата како целина и на нејзините конститутивни елементи, како од страна на музеите, така и од страна на корисниците на on-line содржините. Оттука, ефектите од дигитализацијата на музејските колекции може да се разгледуваат и во контекст на утврдувањето на оние вредносни категории според кои се конструира и остварува културниот идентитет и културната меморија на средината во која тие дејствуваат.
ISSN:1857-7717
1857-7725