Пантеистичко раскажувачко искуство (во светот на Зоосториите од Владимир Мартиновски)
Традиционалните и современите наратолошки истражувања ја потврдија виталната природа на раскажувањето и неговото значење за правилно разбирање на речиси сите човечки феномени. Таквата фокусираност врз човекот и неговата способност за раскажување ги поттикна актуелните анализи кон промислување на при...
Main Author: | |
---|---|
Format: | Article |
Language: | English |
Published: |
Ss. Cyril and Methodius University in Skopje, Blaže Koneski Faculty of Philology
2020-12-01
|
Series: | Journal of Contemporary Philology |
Subjects: |
Summary: | Традиционалните и современите наратолошки истражувања ја потврдија виталната природа на раскажувањето и неговото значење за правилно разбирање на речиси сите човечки феномени. Таквата фокусираност врз човекот и неговата способност за раскажување ги поттикна актуелните анализи кон промислување на природата на другите појави (од човечкиот, животинскиот, растителниот свет и сл.), кои поседуваат сопствен животен тек и своја приказна. Во таа смисла, импресивната творечка објава на Зоосториите од Владимир Мартиновски значеше своевиден културен пресврт во македонската средина, преиспитувајќи ги темелните својства на раскажувањето. Оваа збирка ја имагинира зоосферата како специфичен хронотоп, среде кој се преобликуваат мноштвото актуелни категории, кои се дел од човековата постмодерна култура. Истовремено, таквото конципирање на различните приказни од животните и за нив, кои не само што добиваат право на глас туку изрaснуваат и како активен творец, значи поместување на метафизичкиот картезијански центар, кој со векови ја затемнува суштествената улога на природната разновидност при промислувањето на човековата суштина. Да се пишува туѓата приказна значи да се согледа себството како некој Друг, односно да се надмине она што разликува во корист на она што создава просторни односи и временска блискост (во смисла на поимот différance на Жак Дерида). |
---|---|
ISSN: | 2545-4765 2545-4773 |