Збороредот на некои партикули во предлошките синтагми

Линеаризацијата и збороредот често се сфаќаат како синонимни термини. Сепак, збороредот можеме да го означиме како подмножество на множеството линеаризација, во смисла на поставувањето на поголеми елементи во исторедноста, како основа на синтаксата (σύν – ист, τάξις – ред), наспрема поставувањето на...

Full description

Bibliographic Details
Main Authors: Анета Дучевска, Бобан Карапејовски
Format: Article
Language:English
Published: Ss. Cyril and Methodius University in Skopje, Blaže Koneski Faculty of Philology 2020-06-01
Series:Journal of Contemporary Philology
Subjects:
Description
Summary:Линеаризацијата и збороредот често се сфаќаат како синонимни термини. Сепак, збороредот можеме да го означиме како подмножество на множеството линеаризација, во смисла на поставувањето на поголеми елементи во исторедноста, како основа на синтаксата (σύν – ист, τάξις – ред), наспрема поставувањето на еден збор во рамките на помалите единици од реченицата (дел-реченица, именска група, итн.). Традиционално, за партикулите се зборува како за неменливи (непарадигматски) зборови, кои немаат своја одделна семантика, туку ја добиваат со нивната употреба во пошироки и покомплексни конструкции. Стандардот налага тие да се наоѓаат во иницијална позиција во именските групи (ИГ) воведени со предлог (предлошки синтагми), бидејќи се однесуваат на целата ИГ. Ние покажуваме случаи во кои партикулата зазема неиницијална позиција од прагматички причини (фокусирање на квантификаторот) или, пак, како ограничување (лимитативност)/модификација на модификаторот од квалитативна природа на центарот на ИГ.
ISSN:2545-4765
2545-4773