Толкување на новелата Фигурата во килимот од Хенри Џејмс низ компаративна книжевна перспектива
Во овој труд ќе ја интерпретираме новелата Фигурата во килимот (1896) од Хенри Џејмс низ неколку интерпретативни визури. Во воведот ќе го поставиме историскиот и биографскиот контекст на создавање на новелата, низ вкрстеното читање на биографијата на Џејмс и белешките во неговите тетратки. Во главни...
Main Author: | |
---|---|
Format: | Article |
Language: | English |
Published: |
Ss. Cyril and Methodius University in Skopje, Blaže Koneski Faculty of Philology
2020-06-01
|
Series: | Journal of Contemporary Philology |
Subjects: |
Summary: | Во овој труд ќе ја интерпретираме новелата Фигурата во килимот (1896) од Хенри Џејмс низ неколку интерпретативни визури. Во воведот ќе го поставиме историскиот и биографскиот контекст на создавање на новелата, низ вкрстеното читање на биографијата на Џејмс и белешките во неговите тетратки. Во главниот дел ќе ја читаме новелата од гледна точка на текстуалните стратегии што авторот ги користи при конструкцијата на приказната и на сижето (во контекст на наратолошката теорија на Питер Брукс), како и специфичната употреба на јазикот, како средства за заведување и за одложување на смислата (врз фонот на коментарите на Цветан Тодоров и на Гилберт Кит Честертон). Читањето ќе го оствариме во дијалог со белешките на Џејмс, извлечени од тетратките и од предговорите на неговите дела во њујоршката едиција. Во третиот дел ќе ја поставиме новелата во компаративен интерпретативен контекст – најпрво во корпусот на самиот автор, а потоа и во контекст на влијанијата од страна на француските писатели, особено на Флобер. Дополнително, ќе упатиме и на неколку, според нас, наивни и површни читања на оваа новела. Во заклучокот ќе ја констатираме лиминалната положба на Џејмс како автор на прагот меѓу книжевноста на XIX и книжевноста на XX век. |
---|---|
ISSN: | 2545-4765 2545-4773 |