Расказот како жанровски и дискурзивен феномен во збирката Припитомување на кучката од Венко Андоновски

Текстот претставува обид да се доближи творештвото на македонскиот писател и универзитетски професор Венко Андоновски низ интерпретација на расказите од збирката Припитомување на кучката. Појавата на оваа збирка значеше преиспитување на авторовите творечки модели, како и реактуализирање на наследени...

Full description

Bibliographic Details
Main Author: Искра Тасевска Хаџи-Бошкова
Format: Article
Language:English
Published: Ss. Cyril and Methodius University in Skopje, Blaže Koneski Faculty of Philology 2020-06-01
Series:Journal of Contemporary Philology
Subjects:
Description
Summary:Текстот претставува обид да се доближи творештвото на македонскиот писател и универзитетски професор Венко Андоновски низ интерпретација на расказите од збирката Припитомување на кучката. Појавата на оваа збирка значеше преиспитување на авторовите творечки модели, како и реактуализирање на наследените жанровски, стилски, мотивски и други елементи од литературата воопшто. Нашата анализа го зема најпрво предвид класичното поимање на расказот како жанр, кое може да се следи преку испитувањето на неговите жанровски својства, за да бидат потоа тие тези преосмислени во врска со потенцијалот на расказот како дискурзивен феномен. Анализирањето на расказите на Андоновски е направено соодветно на нивниот распоред во збирката, бидејќи таквиот редослед упатува и на постепената промена на авторовата перспектива во однос на расказот. Очекувано е дека одредени прашања ќе останат отворени, особено оние во однос на поимањето на жанровската структура, или во однос на валидноста на жанровските претпоставки. Сепак, расказите од оваа збирка сведочат за активното конфронтирање со гласовите на епохата, односно со масовната литература, која нуди инстантни варијанти за многубројни, често едноставно разбрани аспекти на она што се нарекува вештина на творење литературни текстови.
ISSN:2545-4765
2545-4773