Театарот во времето на телевизијата, компјутерите и интернетот
Во современата театрологија често се истражуваат, интермедијалните интердисциплинарните, интерсемиоти-чките врски во театарот. Несомнено е дека интермедијалноста врши транс-семиотичко редефенирање не само на уметноста на зборот (книжевниот текст и знак), туку и на колективно усвоените структури, ку...
Main Author: | |
---|---|
Format: | Article |
Language: | English |
Published: |
MI-AN Publishing
2015-10-01
|
Series: | Kultura (Skopje) |
Subjects: | |
Online Access: | http://journals.cultcenter.net/index.php/culture/article/view/184 |
Summary: | Во современата театрологија често се истражуваат, интермедијалните интердисциплинарните, интерсемиоти-чките врски во театарот. Несомнено е дека интермедијалноста врши транс-семиотичко редефенирање не само на уметноста на зборот (книжевниот текст и знак), туку и на колективно усвоените структури, култури, епохи. Во еден таков систем, квантитативните односи се менуваат со текот на семиозата во различните етапи од процесот на функционирање на знакот од емитувачот кон примачот, па за таа цел трагаат по постапки и елементи кои им се соодветни на другите уметности. Односно во рамките на театарските претстави слободно се мешаат изразни средства кои им припаѓаат на други уметнички дисциплини. Во текстот преку истражувањето и сондажата ќе бидат разгледани голем број аудиториуми, а истовремено ќе стане збор за нивната употреба во театарот. Современата театарска сцена покажува своевидна прилагодливост кон електронската средина. Може да се каже дека современиот театар користи голем број медиуми со што претставува една мулти сонда обид за поврзување на голем број симултани жанрови. Несомнено е дека дигиталната ера отвара голем број можности како за создавање така и за перцепција на театарската уметност. Тоа претствува пресекувањето на границите меѓу различните медиуми и воспоставувањето нови релации меѓу театарот и современите медиуми. |
---|---|
ISSN: | 1857-7717 1857-7725 |